Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари работна средба со проф-др Трајан Гоцевски, кој беше првиот министер за одбрана по прогласувањето на независноста на нашата држава.
Генералот Ѓурчиновски и професорот Гоцевски, кој е актуелен член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија и Советот на центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и автор на повеќе трудови од сферата на националната безбедност, разговараа на повеќе теми поврзани со тековните процеси и активностите, кои ги има Армијата по полноправното членство во НАТО.