Денес, 11-ти септември 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија Н.Е Чарлс Герет и Одбранбеното аташе потполковник Ричард Пери.
На средбата, генералот Величковски и амбасадорот Герет ја истакнаа одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Обединетото Кралство.
Тие ги изразија потребите за проширување на меѓусебната соработка помеѓу двете страни преку развој на идни проекти кои ќе овозможат поголема интероператибилност помеѓу припадниците на двете армии.
Одбранбеното аташе потполковник Пери го изрази своето задоволство од ефикасноста на досегашната соработка и го истакна својот ентузијазам за идното продлабочување и развивање на истата.