Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе на Република Италија во Република Македонија, полковник Џузепе Монталто.
На средбата, генералот Величковски упати честитки до полковникот Монталто, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност притоа истакнувајќи ја поддршката во процесот на едукација и обука на припадниците на АРМ со можност за продлабочување на истата.
Началникот на ГШ на АРМ му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе, полковник Франко Галети за неговиот придонес во развивањето на воената соработката помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Италија.
ТЛП/ТЈ