Денес во рамките на програмата за одбележување на 18 Аавгуст – Денот на АРМ, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје е поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.
Изложбата ја посетија министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, како и голем број на граѓани, кај кои предизвика голем интерес.
На тактичко-техничкиот збор беше изложена дел од опремата со која располага АРМ, материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ како и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.
Во рамките на изложбата од страна на Центарот за одгледување и дресура на кучиња преку показна вежба беше покажана врвната обученост на кучињата со кои располага АРМ.
Тактичко-техничкиот збор е една од активностите кои се одржуваат по повод прославата за одбележување на 18 август Денот на АРМ.