Денес, 14.11.2025 година, на Француските воени гробиштата во Битола и Германските воени гробишта во Прилеп, со оддавање на почит на загинатите, ранетите, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи, се одржа комеморација по повод Примирјето од 1918 година.
Во оваа пригода, делегација од Армијата предводена од заменик-началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, положи венец со свежо цвеќе.








