Делегација на генералштабот на Армијата предводена од заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во НАТО штабот во Брисел учествуваше на првата интегративна конференција за пристапување и интеграција на Република Северна Македонија во НАТО.
На конференцијата беа презентирани Националниот план за интеграција и активностите кои произлегуваат од истиот како и роковите за нивна реализација.
На конференцијата се усогласуваа и националниот план за интеграција и планот за поддршка од страна на НАТО, како и датумите за следните работни состаноци и за следната Конференција која е планирана да се одржи во јуни 2020 година во Скопје.