Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески утре (14-ти мај) ќе учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
Денес, генералот Котески ќе присуствува на официјалната церемонија за примопредавање на должноста Командант на Врховната команда на силите на НАТО во Европа (SACEUR) помеѓу досегашниот командант, адмиралот Џејмс Ставридис и генералот Филип Бридлав која ќе се одржи во седиштето на оваа команда во Монс.
Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе бидат прашањата за разгледувањето на понудените информации за досегашниот развој на состојбите и извршувањето на плановите и задачите во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан. На конференцијата ќе стане збор и за влијанието на мисијата ИСАФ на регионалната безбедност. Во вториот дел од конференцијата ќе се разгледува извршувањето на мисијата КФОР на Косово и развојот на ситуацијата во контекст на новите политички односи помеѓу Белград и Приштина.