Во касарната „Илинден“, со воена церемонија се означи приемот на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Договорите за работа на новопримените професионални војници , им ги врачија министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески и командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански.
Министерката за одбрана, обраќајќи се пред новопримените војници, им порача дека е гордост да се биде дел од Армијата во која сите заеднички без исклучок ќе придонесуваат за стекнатиот углед. Притоа, искажувајќи уверување дека од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот ќе бидат превземени сите активности кои се во нивна надлежност за подобрување на условите за живот и работа.
На конкурсот, на кои беа пријавени 900 кандидати, од примените 200,184 мажи и 16 жени, со застапеност од сите етнички заедници, по завршување на основната војничка обука во Командата за обука и доктрини, ќе го започнат својот професионален развој и војничка кариера распоредени во единиците на Армијата.