Заменик-началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, во период 03-04.12.2025 година се наоѓа во работна посета на Воениот оддел при дипломатското претставништво на Република Северна Македонија при НАТО и ЕУ во Брисел, како и на Военото претставништво при Сојузничката команда на НАТО за операции во Монс, Кралството Белгија.
Во рамки на посетата, генералот Нуредин оствари работни средби со претставниците на Воениот оддел во Брисел и Военото претставништво во Монс и се сретна со вршителот на должноста амбасадор, г. Исмаил Ебипи.
За време на средбите се разговараше за тековните активности на двете претставништва, пополнувањето на националните воени позиции во НАТО и во командната структура на Алијансата, учеството на Армијата во НАТО операции и вежби, како и за други релевантни прашања поврзани со актуелната безбедносна состојба и политиката на НАТО.








