Во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализира месечен брифинг на командантите и началниците на првопотчинетите единици на КОД за реализираните редовни активности и предизвици во наредниот период.
За време на реферирањето пред Командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев од страна на началниците на првопотчинетите единици на КОД, беа изнесени согледувањата поврзани за персоналниот менаџмент, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, условите за живот и работа, врските и комуникациите и буџетирањето.
Во текот на активноста Командантот на КОД бригаден генерал Методи Хаџи Јанев пред присутниот персонал одржа брифинг на тема „Хибридни и сајбер закани“ а целта на ова тема беше запознавање на раководниот персонал со оваа тематика и за предизвиците кое ги носи денешното време како што се заканите од ваков тип и нивното препознавање.
На крајот од реферирањето присутните имаа можност да присуствуваат на методско показна вежба на тема Подготвително гаѓање на Реден бр.2 со АП 7,62 мм, која се реализираше од страна на персонал од Центарот за индивидуална обука.