Во изминатите неколку дена во КОД се изведуваа разни активности поврзани со одбележување на денот на Командата за обука и доктрини 15 ти Април, меѓу кои и хуманитарна акција во прибирање на прехрамбени производи наменети за загрозените семејства, самохрани родители, деца и младинци од еднородителски семејства со социјален ризик.
Собраните хуманитарни средства беа предадени на претставници на општинската организација Велес на црвениот крст на Република Северна Македонија со чија соработка се одвиваше хуманитарната акција.
Согласно Годишните планови и програмата за соработка со Институт за трансфузиологија на град Скопје, се реализираше и акција за доброволно дарување на крв и беа собрани вкупно 31 крвни единици од оваа животоспасувачка течност. Оваа иницијатива е дел од континуираните заложби на Армијата за поддршка на институциите и мотивирање на хуманите вредности.