Во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим составен од двајца инспектори од ВС на Големото Војводство Луксембург и по еден инспектор од ВС на Република Италија и Црна Гора.
За време на реализација на активностите во КОД, инспекторскиот тим беше придружуван од страна на ескорт тим од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето во Министерството за одбрана на Република Македонија.
Во текот на работниот состанок, инспекторскиот тим имаше можност да се запознае со состојбата на специфицираната област преку презентација за КОД. Во тој контекст, инспекцискиот тим се запозна со кратката историја на единицата, локацијата на КОД, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и активностите и состојбите кои се однесуваат на одредбите од „Виенски документ 2011“.
Претходно, инспекцискиот тим по специфицирана област изврши обиколка и на командата на полкот за специјални операции.
С/Г