Во Центарот за симулации, во Командата за обука и доктрини (КОД), со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“ во периодот од 20.09 до 23.09.2021 година се реализира компјутерски асистирана вежба со користење на JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) со припадниците од 3 пешадиски баталјон, од 1 пешадиска бригада.
Целта на оваа вежба е извежбување на учесниците за изведување активности и операции за подршка на мирот. Центарот за симулации согласно годишниот план ќе продолжи со реализација на асистирани вежби од таков карактер со единиците на Армијата. Овие симулациски вежби се реализираат на високо ниво како и во современите армии каде единиците и штабовите ќе ги извежбуваат штабните процедури за донесување на одлуки.