Согласно годинешниот план и програмата за Црвениот крст, а со оглед на одложените групни активности поради самите околности при справување со пандемијата COVID-19 на ден 10.06.2020 година, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв, каде што беа собрани вкупно 25 крвни единици.
Со овој потег припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело каде во услови на вонредна состојба, со голема претпазливост и почит спрема мерките за заштита пропишани од владата, а воедно и во време кога се ангажирани на многу други задачи околу справување со вирусот “COVID-19”.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата и не го криеја своето задоволството од подарените крвни единици во моменталните услови на вонредна ситуација, кога е тешко да се спроведе нормална крводарителска акција.
В/Ц