Во пресрет на 8ми Септември – Денот на Независноста за Република Северна Македонија, во Командата за обука и доктрини во, касарна „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, се реализираше крводарителска акција.
Припадниците на Командата за обука и доктрини уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, доброволно дарувајќи 23 крвни единици и придонесоа во збогатувањето на крвните единици во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст.