Денес, согласно побарувањето на Црвениот крст се реализираше вонредна крводарителска акција во која учествуваа припадниците на Командата за обука и доктрини лоцирани во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тие уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, доброволно дарувајќи 19 крвни единици од оваа животоспасувачка течност и придонесоа во збогатувањето на крвните единици во Црвениот Крст. Оваа иницијатива е дел од континуираните заложби на Армијата за поддршка на институциите и мотивирање на хуманите вредности.