Cогласно годишниот план и програмата за реализација на крводарителски акции, а во пресрет на 15 Април- Денот на Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, се реализираше крводарителска акција.
Припадниците на Командата за обука и доктрини и професионалните војници уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, доброволно дарувајќи 43 крвни единици, со што придонесоа во збогатувањето на крвните единици во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст.









