Врз основа на потребите на единиците на Армијата во изминатиот период во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се реализираше првичниот пилот- курс наречен „Kурс за обука на подофицери за буџет и финансии“, каде што беа сертифицирани 8 припадници од Армијата. Обуката се одржа во Центарот за индивидуална обука во Велес, во периодот од 2 до 23 јуни 2025 година, во времетраење од 3 работни недели.
Целта на курсот за обука на подофицери за буџет и финансии е слушателите да се обучат за одговорно, правилно и ажурно материјално-финансиско работење и ракување со парични средства кои се на употреба во единиците и командите на Армијата. Со реализација на овој курс слушателите се обучуваат и оспособуваат за извршување на зададените задачи како што се прием, чување и располагање со готовинските парични средства и хартии од вредност, потоа правилно водење на документите во благајничкото работење, ефективно следење на состојбата и движењето на МС, ажурно водење на материјалните и финансиските книги и евиденции, како и правилно работење и контрола на материјалните и финансиските документи и евиденции.
По реализирање на курсот, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини на слушателите им врачи сертификати за успешно завршување на курсот, порачувајќи им темелно да се ангажираат во процесот на работата и извршување на работните обврски, но сега збогатени со нови знаења кои ќе имаат можност да ги имплементираат на нивните должности во единиците на Армијата.