Во период од 15 до 26 јули, во Центарот за индивидуална обука од составот на Командата за обука и доктрини се реализираше основна воена обука на седум студенти, меѓу кои две од понежниот пол, стипендирани од Министерството за одбрана за критичните специјалности во Армијата.
За времетраење на двонеделната обука, студентите накратко се запознаа со дел од темите на основната воена обука. Покрај обуката, студентите имаа можност и да ја подигнат својата физичка подготвеност со изведување на утрински физички активности. После завршувањето на обуката се реализираше теоретски и практичен тест за проверка на стекнатото знаење. Со овој процес на обука и запознавање со војничките вредности, истите ќе имаат уште поголем стимул за своите кариери да ги градат во единиците на Армијата.