Во кругот на касарната „Алекcо Демниевски – Бауман“ во Велес беше реализирана обука на професионалните војници на темите: „Напад во ноќни услови“ и „Одбрана во дневни услови“.
Целта на обуката беше унапредување на тактичките способности и координација дење и во услови на намалена видливост. За време на обуката беа применети соодветни тактики, техники и процедури за движење, обезбедување и комуникација.
Во обуката активно учествуваа и питомците на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од трета и четврта година, кои беа ангажирани во улога на командири на одделенија и командири на водови. На овој начин, покрај обуката на професионалните војници, паралелно се реализира и практичното стажирање на питомците, овозможувајќи им непосредно стекнување искуство во раководење, донесување одлуки и командување во услови слични на реалните.
Со ваквиот пристап, преку интегриран процес на обука и практична настава, се обезбедува стекнување на нови знаења и развој на лидерските способности на идниот старешински кадар.








