Професионалните војници од Армијата кои се дел од Основниот курс за подофицери во моментов изведуваат обука на Армискиот полигон „Криволак“. Како значаен сегмент во Армијата, курсот за подофицери ќе придонесе за зановување на подофицерскиот кадар кој е клучен ресурс. Овој курс се одвива согласно Годишниот план и програма за обука, како и потребите на Армијата за нови подофицери.
Обуката и активностите кои се реализираат од страна на Командата за обука и доктрини на АП „Криволак“, се во согласност со препораките и насоките спроведени со протоколите за заштита од ширење на COVID-19. Слушателите за време на обуката покажуваат голема мотивираност при совладувањето на предвидените теми и активности преку усни излагања, практичната обука на која е ставен посебен акцент како и правилното применување на тактиките, техниките и процедурите потребни во извршување на индивидуални и тимски задачи во единиците на Армијата.
Во наредниот период слушателите ќе имаат можност да ги совладаат и темите од стручно специјалистичкиот дел, а со тоа ќе се опфати еден циклус на обука во кој се очекува да се изградат како високо мотивирани, физички подготвени подофицери на Армијата.