На ден 14.04.2025 година, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, се реализираше отворен ден за учениците од средните училишта по повод 15 април – Денот на Командата за обука и доктрини, а воедно се реализираше и тактичко-технички (ТТ) збор со повеќе работни точки.
На ТТ зборот децата од училиштето ПОУ „Маца Овчарова“, учениците од средните и основните училишта, но и повозрасните граѓани, со разгледување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користат во единицата.
Граѓаните кои ја посетија касарната „Алексо Демниевски- Бауман“, а особено учениците, покажаа голема заинтересираност за прикажаните воени возила, вооружување и материјално-техничките средства, со многу поставени прашања за лицата кои презентираа на ТТ-зборот.
Во пресрет на Денот на КОД се презентираа и дел од активностите на Центарот за обука и дресура на кучиња (ЦОДК), кои предизвикаа голем интерес кај присутните.