Согласно планот за билатерална соработка меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Соединетите Американски Држави двајца питомци- припадници на Центарот за обука на питомци при Командата за обука и доктрини и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, започнаа едносеместрално школување на Норвич Универзитетот во Вермонт – САД.
Како и изминатата така и оваа година нашите претставници имаат привилегија и можност да бидат директно вклучени во студентската програма на Питомечкиот Кор на Норвич Универзитетот во државата Вермот – САД.
На 08.02.2017 (среда) питомците беа примени од страна на дваесет и третиот Претседател на Норвич Универзитетот, генерал-мајор Ричард Шнајдер. За време на приемот на питомците им беа презентирани сите активности за време на нивниот престој: настава, учеството во идните тековни и волонтерски активности на универзитетот и слично.
На крајот од состанокот питомците добија официјални монети од кабинетот на Претседателот на Универзитетот.