Во Командата за обука и доктрини во Центарот за обука на питомци (ЦОП) пристигна дваесет и петтата класа на питомци. Во наредните четири години, триесет и еден питомец од кој девет припаднички на понежниот пол, тројца припадници од Босна и Херцеговина и еден припадник од Црна Гора, своето високо образование ќе го продолжат на Воената Академија „Михаило Апостолски“.
Согласно Планот за обука во Командата за обука и доктрини во тек е реализација на основна воена обука, период на прилагодување на новопримените питомци на АП Криволак „Пепелиште“, каде истите ќе имаат можност да се запознаат со условите за живот и работа и правилото за служба во Армијата, а воедно со основите на вооружувањето и тактичките постапки на поединец. Меѓудругото, тие ќе стекнат нови знаења, вештини и навики кои се неоходни за еден иден современ и добро обучен офицер.
С/Г