На 16.01.2017 (понеделник) Центарот за странски јазици (ЦСЈ), кој е дел од Командата за обуки и доктрини (КОД), започна со јануарскиот циклус на јазична обука по англиски јазик за 2017 година.
Групите во овој тримесечен циклус, кој ќе заврши во април, се од второ до петто ниво. Обуката по англиски јазик во овој циклус е збогатена со нови наставни групи и истата ќе се одвива во скоро сите касарни во Република Македонија.
На првиот час, по периодот на празници, професорите им посакаа топло добредојде и воедно ги запознаа слушателите со наставната програма за соодветното ниво. И во овој циклус посетителите ќе имаат можност да следат квалитетна настава по англиски јазик, во која ЦСЈ се стреми покрај традиционалните методи да интегрира и современи наставни помагала, со цел да се подобри истата и да се одговори на предизвиците на современиот начин на обука.