Денес, во Командата за обука и доктрини во Центарот за обука и дресура на кучиња (ЦОДК) лоциран во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје се реализираше посета од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани за Република Северна Македонија, согласно планот за билатерална соработка.
На активноста присуствуваше и командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев кој им посака добредојде. На одржаниот брифинг беа прикажани мисијата, задачите, историјата, структурата, опремата и капацитетите на единицата. Истакната беше и целта на посетата, а тоа е продлабочување на соработката во областа на одгледување и дресура на службени кучиња, со посебен акцент на едукација на персоналот кој е задолжен за истата.
Со потполно почитување на мерките и препораките за заштита од COVID-19, гостите се запознаа со полигоните за реализација на обуката, одгледувалиштата и условите за живот и работа во Центарот за одгледување и дресура на кучиња. За време на посетата беше реализирана практична обука и вежба(МПВ) со службени кучиња од различна категорија. Во текот на вежбите, присутните имаа можност да ги погледнат постапките при пребарување на експлозив на моторно возило, пребарување на мини, повредени лица итн.
Ц/В