Во просториите на Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се реализираше посета од страна на командантот на Британскиот воен советодавен и тренинг тим, полковник Пол Морис и претставник од Амбасадата на Обединетото Кралство, господин Благоја Христовски, согласно искажаните потреби и согледаната состојба за понатамошна соработка.
За време на средбата со командантот на КОД, бригаден генерал Лулзим Нуредини и раководниот персонал од командата, на гостите, преку кратка презентација, им беа претставени мисијата и задачите на КОД, организациско-формациската структура, активностите, капацитетите на единиците, како и идните планови на единицата.
Како резултат на работната посета, се разменија искуства за одредени области со цел идна можна соработка, при што присутните изразија огромно задоволство од приемот во КОД и обезбедените услови за непречено реализирање на активноста.