Командата за обука и доктрини на ден 20 Мај ја посети главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт, главен наредник Тоби Квик заедно со командантот на 186-ти логистички баталјон потполковник Трејси Поириер и главниот подофицер на баталјонот главен наредник Робертс Неил. Со делегацијата присуствуваше и главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски.
За време на посетата реализирани се разговори за Центарот за индивидуална обука при Командата за обука и доктрини со кој присутните се запознаа со: мисијата и задачите, организациско формациска структура и активностите на единицата.
Гостите покажаа интерес за институционалната обука која се реализира во Центарот за индивидуална обука како и за обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок.
Реализирана е посета на Напредниот курс за подофицери и на истиот свое обраќање имаа гостите од Националната гарда на Вермонт каде е истакната важноста на изградбата и значајот на добрите односи помеѓу офицерите и подофицерите.
Со посетата потврдена е успешната соработка помеѓу подофицерскиот кор на АРМ и подофицерскиот кор на Националната гарда на Вермонт. Разгледана е и можноста за понатамошна соработка во делот на размена на искуства со инструктори од двете армии за унапредување на нивото на едукација на подофицерите.
Членовите на Националната гарда на Вермонт задоволни од посетата разменија свои искуства и видувања за понатамошна соработка.