Во просториите на Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се реализираше посета од страна на одбранбеното аташе на Турција, полковник Реџаи Јилмаз, согласно Планот за билатерална соработка.
На активноста присуствуваше командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини и раководниот персонал од командата. За време на посетата, која е дел од програмата за соработка на Армијата со одбранбеното аташе на Турција, преку кратка презентација подетално беа претставени мисијата и задачите на КОД, организациско-формациската структура, активностите и модернизацијата, како и идните планови на единицата. Истакната беше и целта на посетата, а тоа е продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, како и поддршката која Република Турција ја дава за Армијата.