На ден 16.10.2014 година Командата за обука и доктрини (КОД) ја посети делегација на новиот персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија.
Посетата е со цел запознавање на новоназначениот персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе во Република Македонија со структурата на КОД. Делегацијата ја прими командантот на КОД полковник Љупчо Костовски.
Пред присутните во командата се реализира брифинг за организациско формациската структура на КОД, мисијата и задачите.
Во рамките на програмата за посета членовите на делегацијата го посетија и Центарот за поддршка на обуката. Содржината на презентацијата за истиот предизвика интерес за подетално запознавање со капацитетите на АП „Криволак“ и негово користење за изведување на обука на единиците на АРМ и странски армии од регионот.