На 29 и 30 октомври, Командата за обука и доктрини (КОД) ја посети висока воена делегација од косовските безбедносни сили на Република Косово, предводена од командантот на Команда за обука и доктрини, бригаден генерал Енвер Цикаќи. Посетата се одвива во рамките на планот за билатерална соработка на Армијата на Република Македонија со Република Косово.
Согласно планот делегацијата заедно со командантот на КОД беше примена од заменикот на Началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Насер Сејдини.
Целта на посетата е размена на досегашните искуства помеѓу командите на двете армии и согледување на можности за понатамошна соработка.
Гостите во командата на КОД беа информирани за организациско-формациската структура и мисијата на КОД, како и со нејзината расположлива инфраструктура и капацитети за обука.
Делегацијата од косовските безбедносни сили на Р. Косово ги посети Центарот за поддршка на обуката, АП „Криволак“ и Центарот за обука на питомци. Оваа посета воедно беше и можност членовите на делегацијата да остварат контакт со питомците од Р. Косово кои се школуваат во ВА „Михајло Апостолски“.