Во рамките на активностите за одбележување на „15-ти Април – Ден на Командата за обука и доктрини”, вработените во касарна ,,Алексо Демниевски Бауман“-Велес на ден 02.04.2015 година реализираа посета на фабриката за метална индустрија „БРАКО“ од Велес.
За време на посетата, менаџерите и инженерите на фабриката ,,БРАКО“ ги запознаа присутните старешини и цивилни лица со краткиот историјат на металната индустрија, како и со целокупниот моментален производствен процес. За време на посетата е истакнато дека оваа фабрика до сега во повеќе наврати остварувала соработка со Армијата на Република Македонија преку производство на повеќе наменски производи за армијата, меѓу кои како најзначајни се издвоени товарната кујна –авто – приколка, војничките касети, конструкции за шатори и друго, кои и денес се во употреба во единиците на АРМ.