Согласно студиските планови и програми за 2016 година, во период од 14.07. до 29.07.2016 година во Кампот за обука на вода „Радожда“ беше реализирана практична настава – обука во вода со питомците од 2 година од Центарот за обука на питомци (ЦОП).
Целта на обуката е питомците да се обучат и да ги совладаат техниките на пливање и веслање. Покрај тоа што секој иден офицер мора да знае одлично да плива потребно е тој да помине одредена обука и да се извежба во извршување на одредени тактички – борбени постапки на вода. За успешна реализација на обуката беа задолжени професорите по физичко воспитување од Воената академија и старешините од ЦОП.
Обуката во вода и пливање придонесе за градење на лидерство, тимска работа и натпреварувачки дух кај питомците кој помогна за постигнување на што е можно подобри резултати.
Освен задолжителната обука, питомците имаа можност да се запознаат со убавините на Охридското езеро и да посетат повеќе знаменитости кои се наоѓаат покрај езеро. Една таква посети беше реализирана со брод од Кампот за обука на вода.