Во касарната „Гоце Делчев“ Скопје се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Центарот за обука на питомци (ЦОП) од составот на Команда за обука и доктрини (КОД).
За време на свеченото примопредавање на должноста свои обраќања имаа командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љубенчо Петровски, досегашниот командант на ЦОП потполковник Харалампие Трајков и новоназначениот командант потполковник Дејан Јовановски.
Командантот на КОД во својот говор истакна дека Центарот за обука на питомци, под команда на потполковникот Харалампие Трајков со целокупниот персонал постигна многу добри резултати во реализацијата на досегашните планови и проекти и со својата работа го направи овој центар да биде уште повеќе препознаен како од страна на КОД така и од страна на останатите припадници на Армијата на Република Македонија.Воедно на новопоставениот командант потполковник Дејан Јовановски му ја честита примената должност посакувајќи му успех во понатамошното раководење на овој центар, пред се со идните предизвици за визијата на работата и постигнување на врвни резултати во извршувањето на задачите.
На свеченоста присуствуваа командантот на КОД полковник Љубенчо Петровски, претставници од Воена академија и гости од локалните организации и институции на град Скопје.