Во рамките на активностите за одбележување на Денот на АРМ „18-ти Август“ Команда за обука и доктрини (КОД) по втор пат организира и реализира активност надвор од касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ под името „Отворена канцеларија на КОД“.
Припадници од КОД облечени во сите видови униформи и различен состав: офицери, подофицери, војници и граѓани на доброволно служење на воениот рок, во просторот на младинскиот парк во Велес во вечерните часови во време од 19.00 – 21.00 часот остваруваа контакти со граѓаните.
Целта на активноста „Отворената канцеларија“ е доближување на припадниците на АРМ поблиску до граѓаните и нивно запознавање со дел од животот и работата во АРМ.
Присутните имаа можност преку видео бим со презентација да се запознаат со дел од активностите на КОД и АРМ.
Истовремено оваа активност беше и можност за информирање воедно и упатување покана на присутните да ја посетат касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ на отворениот ден и да ги разгледаат точките на Тактичко Технички збор по повод Денот на АРМ.
Граѓаните кои беа присутни на овој настан пројавија голем интерес и низ разговор со припадниците од КОД со поставување на различни прашања се запознаа со еден дел од животот и работата на припадниците на АРМ.