На 24 Февруари во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес во Центарот за индивидуална обука пристигнаа 169 граѓани за доброволно служење на воениот рок, од кои 12 припаднички од женскиот пол. Ова е дваесет и петта генерација војници кои идните три месеци доброволно ќе го служат воениот рок.
Командата за обука и доктрини како главен носител на процесот на обуката и единствен центар за реализација на обука на војници на доброволно служење на воениот рок подготвено ги прими и смести младите војници.
По краткиот период за прилагодување започнува обуката која има разновидни програмски содржини. Знаењето што ќе го стекнат војниците во идните три месеци ќе биде основа за понатамошен нивен развој како идни припадници на Армијата на Република Македонија.