Во период од 30.09. до 04.10.2024 година во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се реализираше Курс за стандардизација во Армијата, на кој присуствуваа слушатели од Генералштабот на Армијата и првопотчинетите команди и единици, според нивните обврски за извршување на стандардизациски активности во одбраната.
Целта на курсот е слушателите да се обучат и оспособат за извршување на стандардизациски активности со кои се овозможува непречено, ефикасно и ефективно функционирање на стандардизацискиот систем во рамките на стандардизацијата во одбраната, а со тоа и исполнување на обврските на Армијата во рамките на стандардизацијата на одбраната, воедно и НАТО. За време на курсот слушателите се стекнаа со потребни знаења за улогата и одговорностите во НАТО телата за стандардизација и како национални претставници исто така ќе стекнат знаења со функционирање на системот за делегирање на одговорност во НАТО телата за стандардизација.
За време на свечениот завршеток на курсот, на слушателите им беа доделени сертификати од страна на началникот на штаб на КОД, полковник Гоце Филипоски.