Припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) реализираа кондиционо – рекреативен марш во реонот на Oпштина Крушево.
За време на реализација на кондиционо-рекреативниот марш припадниците на КОД имаа можност да се запознаат со дел од богатото историско и културно наследство на градот Крушево, посетувајќи ги Мечкин Камен и познатиот споменик „Македониум“. Учесниците на маршот исто така се запознаа со дел од теренот и природата во пределот на Крушево.
Маршот е активност која се реализира согласно Годишниот план и календарот за обука на КОД за 2024 година. Целта на рекреативниот марш е подобрување на физичката подготвеност, а воедно и можност за рекреација на учесниците.