Согласно годишниот План календар за обука на Командата за обука и доктрини за 2025 година во Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња во рамките на доделената мисија реализира голем број на курсеви за обука како со војници кои имаат афинитети за водачи на службени кучиња, така и со службени кучиња од доменот на нивната дресура, редресура и кондицирање.
Во текот на денешниот ден е реализиран завршен испит од Обуката на војници за водачи на службени кучиња од чуварска категорија, кој се реализираше во период од 02.06 до 13.06.2025 година, при што се обучени 5 војници водачи на службени кучиња.
Испитот е реализиран од страна на комисија од составот на ЦОДК која е надлежна за оценување на обученоста на војниците. Војниците со успех го положија завршниот испит и притоа се стекнаа со сертификати за водачи за службени кучиња од чуварска категорија.