Во периодот од 09.06 до 13.06 и од 16.06 до 20.06.2025 година успешно се реализираа курсевите за Радио комуникација на англиски јазик и Радио оператори во мировни мисии, кои се одржаа во касарната Илинден и во касарната НХ„Страшо Пинџур“ во Петровец. На курсот учествуваа десет слушатели, а обуката беше спроведена од страна на припадници и инструктори од Армијата.
Целта на Курсот за радио комуникација на англиски јазик е обука на персоналот чии работни задачи вклучуваат активна воена радиокомуникација и кои ќе имаат потреба да ја изведуваат радиокомуникацијата на англиски јазик, со користење на соодветна терминологија. Целта на Курсот за радио оператори во мировни мисии е сертифицирање на персоналот од родот врски поставен на формациско место за радио оператори во мировни мисии, за користење за користење на гласовни радио телефонски процедури согласно ACP 125F.
По завршување на курсот, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, во присуство на претставник од Ј6 на ГШ, на слушателите им врачи сертификати за успешно завршени курсеви, им честита за постигнатите резултати, порачувајќи им ново стекнатите знаења да ги имплементираат на нивните должности во Армијата.