Во Командата за обука и доктрини во период од 27.10. до 31.10.2025 година се реализираше курс за систем-администратор на компјутерски мрежи на слушатели од родот врски од командите и единиците на Армијата.
За време на еднонеделниот курс, слушателите имаа можност да стекнат знаења за правилно менаџирање, администрирање и користење на компјутерските мрежи во Армијата и истите да се сертифицираат за систем-администратори на компјутерски мрежи во Армијата, кој е во согласност со стандардните оперативни процедури за управување и администрирање на мрежи во Армијата и стандардите за работа во НАТО средини.
По повод успешно реализираниот курс, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, на слушателите им додели сертификати за завршен курс и воедно посочи дека ангажирањето и целокупниот труд за време на курсот секогаш ќе бидат вреднувани во процесот на работата и извршување на работните обврски на нивните должности во единиците на Армијата.










