Во период од 14 јули до 01 август, во Центарот за индивидуална обука од составот на Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски- Бауман“- Велес се реализираше обука на студенти стипендирани од Министерството за одбрана за критични специјалности во Армијата –модул 2.
Целта на овој вид на обука на студенти стипендирани од Министерството за одбрана за критични специјалности во Армијата е да ги прошират и унапредат основните и воено стручни знаења и вештини, што ќе им помогнат во развивањето на индивидуалните способности за водење и командување со тим/одделение.
За времетраење на три неделната обука, студентите накратко се запознаа со дел од темите на основната воена обука, и со тоа имаа можност да развијат чувство на припадност кон Армијата и кон заедничките вредности и идеи како и да се креира клима за лично и професионално надградување, развивање и мотивирање на припадниците на воената организација.
После завршувањето на обуката се реализираше теоретски и практичен тест за проверка на стекнатото знаење. Со овој процес на обука и запознавање со војничките вредности, истите ќе имаат уште поголем стимул за своите кариери да ги градат во единиците на Армијата.