Согласно годишниот план и програма за обука со новопримените професионални војници на 10 февруари 2026 година, во касарната „Алексо Демниевски- Бауман“- Велес, се реализираше пешадиска обука на тема: „Индивидуални постапки на движење на војник“. Обуката беше насочена кон унапредување на тактичките вештини.
Паралелно со обуката со професионалните војници, започна и стажирањето на питомците од 3 и 4 година, кои активно учествуваа во обуката на професионалните војници во улога на командири на одделенија и командири на водови. На тој начин питомците имаа можност практично да ги применат стекнатите знаења и да развиваат командни и лидерски способности во реални услови.
Во текот на обуката беа обработени и практично изведени постапки на ползење, движење со набљудување и движење со префрлување, со акцент на правилна употреба на теренот, прикривање, лична безбедност и координација при движење.








