Во Командата за обука и доктрини, во текот на изминатите три дена се реализираше обука која вклучува постапки за искористување на геопросторни податоци за АП „Криволак“, кои се обезбедени во рамки на „Integrated training area management – ITAM“ програма на Командата на силите на САД за Европа и Африка, во соработка со Министерството за Одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.
Обуката која се состоеше од теоретски и практичен дел ја реализираа во два дела, се реализираше на разни локации на АП „Криволак“ и на истата присуствуваа учесници од единици на Армијата кои се клучен персонал за обука и вежби во матичните единици.
С/Г