Успешно е реализиран рекреативно кондиционен марш во селото Моклиште во реонот на Кавадарци при што учество заземаа припадници од командата на КОД и потчинетите единици.
Маршот е планска активност, согласно Годишниот план и календарот за обука на КОД за 2025 година. Се реализираше согласно планираната маршута и динамика, при што беше прикажано високо ниво на издржливост дисциплина и тимска работа. Целта на кондиционо – рекреативниот марш е одржување на физичката подготвеност на персоналот од командата на КОД, а воедно претставува и можност за рекреација, зајакнување на физичката подготвеност и зацврстување на колективниот дух при што беше целосно постигната.