На 18.11.2016 година во Командата за обука и доктрини (КОД) успешно се реализираше акција за доброволно дарување на крв. Оваа активност претставува уште еден показател на успешната соработка на АРМ со Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата за доброволно дарување крв е предвидена со Годишниот план на активности на КОД за 2016 година.
Припадниците на КОД од касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените, во крводарителната акција учествуваа и новодојдените војници на доброволно служење воен рок.