Припадниците од Командата за обука и доктрини (КОД) и потчинетите единици согласно годишниот план за обука реализираа кондиционо-рекреативен марш во зоната на одговорност.
Учесниците на маршот освен запознавање со тактичките и топографските карактеристики на реонот на „Ѓуришка Планина“ каде се реализираше активноста се изврши и краток историски осврт за Ѓуришкиот манастир.
Со рекреативниот марш персоналот од командата на КОД и потчинетите единици покрај запознавање на теренот ја одржуваат и физичката кондиција на потребното рамниште.
За време на маршот покрај потребните мерки на безбедност се посвети и особено внимание на спроведување на мерките за заштита на животната средина и природата.