Согласно Годишниот план календар за обука на Командата за обука и доктрини за 2025 година, на АП „Криволак“, заврши реализацијата на општа воена обука со питомците од 1 наставна година, од Центарот за обука на питомци и офицери.
Практичната настава со питомците имаше за цел оспособување и усовршување во тактичките работи и постапки на ниво поединец/тим, употреба на рачна бусола како и извежбување во правилно ракување со личното вооружување, при извршување на подготвителни гаѓања.
Со оваа обука питомците се стекнаа со самодоверба и искуство за живот и работа во теренски услови кои се неопходни за секој иден, современ и добро обучен офицер на Армијата, особено при извршување на борбени задачи во сложени временски и теренски услови.