Во рамки на програмата за одбележување на 15 Април, Ден на Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во соработка со стрелачкиот клуб „Велес“ и спортската сала „Гемиџии“ на ден 10.04.2025 година се одржаа спортски натпревари во повеќе дисциплини. На овие натпреварувања и покрај тоа што во преден план е другарувањето и спортувањето, а резултатите се споредни, сепак кај учесниците не изостана натпреварувачката мотивација.
Екипите кои се натпреваруваа своите сили ги одмерија во следните дисциплини: футсал, пинг понг и стрелаштво. На најуспешните екипи и поединци, кои ги освоија првите места на спортските натпревари, ќе им бидат доделени дипломи на воената свеченост по повод Денот на единицата.
Припадниците на Армијата со масовното учество на спортските натпревари покажаа во пракса како изградената физичка кондиција и спортскиот дух се еден од неопходните фактори за успешно извршување на сите задачи.