Денес, во Центарот за обука „Пепелиште“, новопримените офицери на служба во Армијата положија свечена заклетва. На свеченоста присуствуваа: заменик-командантот на Командата за обука и доктрини полковник Дарко Стојкоски, деканот на Воената академија полковник Ненад Таневски и претставници од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје, команданти од единици на Армијата и командантот на Центарот за обука на питомци и офицери полковник Иван Сарафимов.
Со давање на свечената заклетва, 16 офицери на служба го започнуваат военото образование на Воената академија, кои ќе продолжат да ја градат својата кариера во единиците на Армијата.
За време на свеченоста, командантот на Центарот за обука на питомци и офицери потполковник Иван Сарафимов одржа пригоден говор, истакнувајќи ја важноста на професионализмот, моралот и одговорноста во извршувањето на воените задачи. Тој ги потсети новопримените офицери на нивната обврска да служат со чест и достоинство, како и на постојаното усовршување и подготовка во текот на нивната кариера.
На крај на свеченоста присутните гости имаа можност да им ја честитаат положената заклетва на слушателите и им посакаа многу успех во понатамошното школување, нагласувајќи ја важноста на дисциплината, посветеноста и професионализмот во воената служба.








